И покрај постојаните апели и засилените контроли, на македонските патишта и натаму се среќаваат возачи кои свесно ги прекршуваат правилата. Последните полициски акции повторно покажаа дека неодговорноста зад воланот останува сериозен безбедносен, но и социјален проблем.
Вчера полицијата уапсила 15 возачи, од кои две малолетни лица, поради управување без возачка дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол.
Најмладите прекршители предизвикале и инциденти. Малолетник од Битола удрил во пешак, по што му било одземено возилото, додека во Гостивар мопед управуван од малолетник удрил во полициски службеник за време на службени дејствија. Одземени се и возилата на другите возачи кои управувале без дозвола.
Дополнително, по еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале моторни возила и покрај изречена мерка забрана, по што и нивните возила биле одземени. Во Македонска Каменица, Гевгелиско, Струмица и Македонски Брод биле санкционирани возачи под дејство на алкохол, а двајца од нив претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.
Сите приведени лица се задржани во полициските станици, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.
И покрај санкциите и одземањето на возилата, случајот покажува дека на патиштата се уште има возачи кои свесно ја загрозуваат безбедноста. Џабе се изгледа апелите од надлежните и реакции од граѓаните на сицијалните мрежи.
