Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Петмина приведени во акција против тероризам и нелегална трговија со оружје
    Република

    Петмина приведени во акција против тероризам и нелегална трговија со оружје

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координирана акција спроведена на 28 септември е разбиена организирана криминална група од Скопје, осомничена за кривични дела од областа на тероризмот и недозволената трговија со оружје.

    Акцијата ја реализирале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Врз основа на судски наредби биле извршени претреси кај шест лица на вкупно 12 локации во Скопје, при што биле приведени пет лица.

    При претресите биле пронајдени и одземени автоматски и снајперска пушка, пиштоли, рамки за оружје, муниција од различен калибар, тактички елек, радио-врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС, поголем број електронски уреди и мобилни телефони, како и поголема сума денарски и девизни парични средства.

    Полицијата соопшти дека при акцијата било констатирано и неовластено користење електрична енергија, за што се преземаат дополнителни законски мерки.

    Според истрагата, К.И. (34) од 2023 година дејствувал како припадник на огранок со идеолошка поврзаност со терористичката организација ИСИС, при што, според сомневањата, вршел радикализација на млади лица, ширел екстремистичка пропаганда и набавувал и ракувал со огнено оружје.

    МВР наведува дека Б.А. (24) и Е.С. (30), заедно со К.И., формирале група која неовластено поседувала и тргувала со огнено оружје и муниција.

    До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против К.И. за кривичните дела „тероризам“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека против Б.А. и Е.С. е поднесена пријава за нелегална трговија со оружје.

    Поврзани вести:

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    16/10/2026

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    16/10/2026

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.