Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Перински во Гази Баба: Развојот на општините и унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани е наш приоритет
    Политика

    Перински во Гази Баба: Развојот на општините и унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани е наш приоритет

    11/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери зона 1 и зона 2 со вкупна должина од 4071 метар, а ја најавија и втората фаза од изведбата на проектот. За неа, Општината аплицираше на вториот владин повик за поддршка на општински инфраструктурни проекти, чија вкупна вредност изнесува нецели 150 милиони денари, од кои речиси 145 милиони денари се побаруваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатите се кофинансирани од страна на општината.

    Градоначалникот Стефковски истакна дека станува збор за проект особено значаен за Јурумлери и дека покрај новата канализациска мрежа, ќе се изградат и 189 индивидуални приклучоци за домаќинствата, со што значително ќе се подобри животот на граѓаните, како и квалитетот на животната средина и јавната хигиена. Притоа, посочи дека за последната фаза од овој проект аплицирале за средства на вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти и со чија реализација цело населено место ќе има канализациска мрежа со пречистителна станица.

    -Владата покажува вистински партнерски однос кон граѓаните. Поддршката што ја добиваме се двигател за реализација на проекти кои се од суштинско значење за локалниот развој, истакна градоначалникот.

    Според министерот Перински, овој проект е уште еден доказ за перманентна посветеност на Општината во насока на инвестиции и постигнување на рамномерен развој на целата територија на Гази Баба, а што претставува императив за Владата.

    -Станува збор за историски проект. Првата фаза е целосно финансирана од општинскиот буџет, а за втората фаза и комплетна реализација ние како централна власт ќе одвоиме близу 150 милиони денари. Навистина сум горд, заради тоа што кумулативно за овој проект ќе се издвојат близу 3,5 милиони евра и ќе се реши еден децениски проблем“, изјави министерот, кој посочи дека централната власт преку двата јавни повици ги поддржува општините со околу 20 милијарди денари. Во насока на локален развој, истакна Перински.

    Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за намалување на диспаритети, потпиша нови 38 договори за нови проекти во висина од околу 88 милиони денари, а минатата недела, на седница на Советот за рамномерен регионален развој, донесена е предлог-одлука за поддршка на 47 проекти, за кои ќе се издвојат 116 милиони денари, кои ќе се реализираат во сите региони во државата.

    -Ние како Влада, не само што продолжуваме во континуитет да ги поддржуваме сите општини во Македонија, туку истото го интензивираме. Ова што го кажав пред малку е доказ за тоа и јас сум убеден дека за многу кратко време ќе ги подобриме условите и ќе го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани во сите општини во Македонија, истакна министерот.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Се прошируваат капацитетите на ОУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров

    18/04/2026

    Добро е што во Скопје се организираат светски спортски настани, но лошо е ако се посрамотиме како при ланските Младински олимписки игри

    17/04/2026

    Голема еко акција за расчистување депонии во Кисела Вода

    17/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.