Папата Лав XIV синоќа и покрај поројниот дожд што врнеше во Рим излезе на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, за да ги поздрави собраните верници. Како што објави италијанската новинска агенција АНСА, поглаварот на Римокатоличката црква го направи ова пред да ја одржи традиционалната миса во пресрет на Божиќ, што е негова прва по изборот. Неговото појавување било изненадувачко за присутните верници.
Базиликата „Свети Петар“ синоќа бепе преполна, а преостанатите верници надвор ја гледаат службата што започна на огромни екрани.
„Ви благодарам што дојдовте дури и на дожд! Најдобри желби на сите!“, рече папата Лав XIV.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
