По повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи панел-дискусијата „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“.
На настанот, претседателката Сиљановска-Давкова, заедно со поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности, ќе се осврнат на клучните политички, институционални и општествени процеси што доведоа до создавањето на независната македонска држава.
Преку лични сведоштва и сеќавања, учесниците ќе ги споделат своите искуства од историскиот период во кој Македонија го трасираше патот кон самостојноста, со цел да се зачува колективната меморија за еден од најзначајните моменти во современата македонска историја.
