Делови од фасада на зграда лоцирана на улицата „Народен фронт“ во скопската населба Капиштец паднаа на пешачката патеката покрај објектот во кој е сместена и банка.
Вистинска среќа е што иако парчиња дебели околу 10-тина сантиметри паднале од височина од 4 метри, не повредиле никого.
Според законот за домување обврска е на станарите да ги санираат оштетувањата на колективните станбени објекти преку Куќниот совет или фирмата која ја плаќаат за одржување на зградите, а понекогаш и самите општини субвенционираат обновување на фасадите на старите згради.

