Откриени големи количини на пиротехнички материјал. Имено, вчера на наплатната станица Градско, полицијата лиши од слобода две лица од Скопје од кои едното е полицаец во полициската станица Бит Пазар оти при контрола во товарно возило им била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација.
Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице со кое соработувале пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.
Денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
