Големото украинско знаме, кое четири години беше поставено во центарот на Приштина како симбол на солидарност со Украина, вчера било отстрането. Потегот следува само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на посетата на Белград, изјави дека Украина не ја менува својата политика за непризнавање на независноста на Косово.
Засега нема официјално објаснување дали отстранувањето на знамето е директно поврзано со неговата изјава.
Зеленски порача дека Киев го почитува територијалниот интегритет на своите партнери и дека ставот кон Косово останува непроменет. Неговата изјава предизвика силни реакции во Приштина и Тирана. Поранешниот косовски претседател Беџет Пацоли оцени дека ставот на Зеленски е разочарувачки, потсетувајќи дека Косово од почетокот на војната ѝ дава поддршка на Украина. Организацијата на ветераните на ОВК, пак, ја нарече
изјавата „антикосовска“ и остро го критикуваше украинскиот претседател.
Реагираше и поранешниот албански министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој оцени дека Зеленски можел да покаже поголема почит кон
Косово.
Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека не
постои никаква паралела меѓу случаите на Косово и Украина. Од Тирана порачаа дека статусот на Косово се темели на сопствени историски, политички и правни основи. Албанија повторно повика на нормализација на
односите меѓу Белград и Приштина, со крајна цел меѓусебно признавање.
