Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Општина Пустец станува се попосакувана дестинација за туристите, за девет месеци ја посетиле 50 илјади
    Магазин

    Општина Пустец станува се попосакувана дестинација за туристите, за девет месеци ја посетиле 50 илјади

    07/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Пустец, со своите природни убавини, езерската шир и многуте цркви и манастири, станува се попосакувана дестинација за туристите.

    -Во изминатите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи. Освен домашни и посетители од Македонија, од година во година се зголемува бројот на туристи од многу европски земји, кои, како што самите велат восхитени се од убавините на нашата општина, рече Пали Колефски, градоначалник.

    Додава дека само преку една македонска туристичка агенција во последните десеттина дена областа ја посетиле 35 туристички групи.

    -Ова покажува дека Пустец сè повеќе привлекува посетители од целиот свет, како дел од турите за откривање на убавините на Албанија. Покрај другото туристите го посетија Островот Мал Град и беа воодушевени од пештерската црква, посочува тој.

    Групите, според него, се придружувани од локални водичи, кои обезбедуваат детално запознавање со историјата, природата и културата на регионот.

    -Во последните години вложивме многу напори и реализиравме повеќе проекти, со кои е подобрена патната инфраструктура, имаме уредени плажи, редовно водоснабдување. И понатаму ќе преземаме активности за создавање услови за престој на туристите, нагласува Колефски.

    Очекува годинава да биде надминат бројот од 80 илјади туристи колку што ја посетиле општината минатата година.

    Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места распослани на брегот на Преспанско Езеро.

    Поврзани вести:

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Десет знаци кои можат да откријат дека партнерот можеби ве користи, а не ве сака

    Десет знаци кои можат да откријат дека партнерот можеби ве користи, а не ве сака

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    Четири хороскопски знаци ги очекува финансиски пресврт до крајот на октомври? Астролозите велат дека парите конечно би можеле да пристигнат

    Четири хороскопски знаци ги очекува финансиски пресврт до крајот на октомври? Астролозите велат дека парите конечно би можеле да пристигнат

    Љубомората им е слаба точка? Астролозите го издвојуваат овој знак

    Љубомората им е слаба точка? Астролозите го издвојуваат овој знак

    Заборавениот ритуал што може да ја направи врската посилна

    Заборавениот ритуал што може да ја направи врската посилна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    15/10/2026

    Десет знаци кои можат да откријат дека партнерот можеби ве користи, а не ве сака

    15/10/2026

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.