Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » (Видео) Општина Илинден изврши надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери
    Инфоскоп

    (Видео) Општина Илинден изврши надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери

    22/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во пумпната станица ОКТА во Јурумлери, која обезбедува водоснабдување за населените места Миладиновци, Бујковци, Текија, Дељадровци и Рафинерија ОКТА, Општина Илинден изврши целосна реконструкција и надградба на пумпниот систем. Проектот има за цел да ја зголеми ефикасноста на системот и да ги намали енергетските трошоци, што ќе обезбеди стабилно и одржливо водоснабдување за сите корисници.

    Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши директната проверка на напредокот и ефектите од реконструкцијата на пумпната станица и истакна дека сите подобрувања резултираат со значително намалување на трошоците за електрична енергија и зголемена енергетска ефикасност на пумпната станица. Со оваа надградба, пумпната станица ОКТА постигнува поголема сигурност и оптимизирано управување со водоснабдувањето, што ќе биде од корист за сите корисници на системот.

     

    Во рамките на проектот беше инсталирана пумпа со моќност од 135 kW за собирниот колектор, а постојните бунарски пумпи со моќност од 15 kW се заменети со нови, енергетски поефикасни пумпи од 11 kW, со работна ефикасност од 81%. Оваа промена значително ја намалува потрошувачката на електрична енергија и го оптимизира функционирањето на системот. За дополнителна флексибилност, секоја пумпа е опремена со индивидуален фреквентен регулатор, кој овозможува оптимизирана работа и заштита на пумпите.

    Новиот систем за автоматско управување, базиран на ПЛЦ контролер, овозможува централизирана контрола на пумпите и интеграција на постојната опрема, што значително ја зголемува оперативната ефикасност. Пумпите кои остануваат во режим на резерви се подготвени за употреба во случај на потреба, што ја подобрува надежноста на целиот систем. Дополнително, во собирниот базен се инсталирани нови нивометри и сонда за притисок, што овозможува прецизно следење и автоматска регулација на процесите, така што пумпите се активираат или деактивираат согласно потребите.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Што е најново во Скопје? Денешен ИНФОСКОП – Скопски вести 9 април

    10/04/2026

    (Видео) Што е најново во Скопје? Денешен ИНФОСКОП – Скопски вести 7 април

    07/04/2026

    (Видео) Што е најново во Скопје? Денешен ИНФОСКОП – Скопски вести 6 април

    06/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.