Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Охрид го урна Алкалоид, Вардар остана единствен со максимален учинок
    Спорт

    Охрид го урна Алкалоид, Вардар остана единствен со максимален учинок

    10/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометарите на Охрид приредија големо изненадување во 6. коло од машката Супер лига, откако пред својата публика го совладаа Алкалоид со 26-24 и стигнаа до четвртата победа сезонава.

    Во салата „Билјанини извори“ домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе со 2-0, но Алкалоид брзо возврати и во 15. минута имаше предност од 7-4. Сепак, охриѓани до крајот на првото полувреме одиграа одлично во одбраната, направија пресврт и на паузата заминаа со убедливо водство од 15-11.

    Во второто полувреме избраниците на Роевиќ целосно ја контролираа играта и во еден момент имаа и шест гола предност. Иако Алкалоид се обиде да се врати во завршницата, Охрид не дозволи изненадување и заслужено славеше со 26-24.

    Најефикасни кај победничкиот состав беа Тилен Стрмљан и Доминик Матхе со по шест погодоци, додека кај Алкалоид ист број голови постигна Никола Костески.

    Со овој пораз, Алкалоид го загуби максималниот ефект, па Вардар остана единствениот тим со сите победи, откако славеше на гостувањето кај Струга со 33-24 и повторно изби на врвот на табелата. Зад „црвено-црните“ е Еурофарм Пелистер, кој има бод помалку и сè уште нема пораз, додека Алкалоид е трет, а Охрид се искачи на четвртата позиција.

    Поврзани вести:

    Челзи со петарда против Борнмут, Хендерсон блесна со два гола и асистенција

    Челзи со петарда против Борнмут, Хендерсон блесна со два гола и асистенција

    Риера загрижен за Гаштаров: Тоа не е нормално, вака доаѓаат тешки повреди

    Риера загрижен за Гаштаров: Тоа не е нормално, вака доаѓаат тешки повреди

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    ТФТ го доби скопското дерби, Скопје се закани со пресврт во финишот

    ТФТ го доби скопското дерби, Скопје се закани со пресврт во финишот

    Работнички Скопје го освои првиот Суперкуп на Македонија во историјата

    Работнички Скопје го освои првиот Суперкуп на Македонија во историјата

    Гвардиола се враќа на „Етихад“ за да му даде поддршка на Манчестер Сити

    Гвардиола се враќа на „Етихад“ за да му даде поддршка на Манчестер Сити

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Челзи со петарда против Борнмут, Хендерсон блесна со два гола и асистенција

    10/10/2026

    Риера загрижен за Гаштаров: Тоа не е нормално, вака доаѓаат тешки повреди

    09/10/2026

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    08/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.