Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Одговорот на прашањето за запленетата марихуана што СДСМ го вергла 20 дена, можно е да биде непријатен за нив
    Политика

    Одговорот на прашањето за запленетата марихуана што СДСМ го вергла 20 дена, можно е да биде непријатен за нив

    20/02/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дваесетина дена СДСМ секојдневно прашува како петте тони марихуана запленети во Србија успеале да ја поминат македонската граница. Одговорот, според најавите од премиерот Христијан Мицкоски, би можел да биде непријатен токму за нив, откако тој изјави дека истрагата води до лица блиски до опозицискиот блок, но и до поранешни политичари.
    Премиерот нагласи и дека случајот ќе биде целосно расчистен и поткрепен со докази, отфрлајќи ги обвинувањата за политички реваншизам.

    Вчера и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека досега се уапсени десет лица поврзани со транспортот на марихуаната од Македонија кон Србија. На дел од осомничените им е определен притвор, а истрагата продолжува и се проширува.

    Инаку, на 29 јануари српската полицијата во близина на Крушевац заплени 5 тони марихуана, за кој тамошните истражни органи посочија дека е од Македонија. Во акцијата беа уапсени 4 лица.

    Истовремено и македонското обвинителство отвори истрага, по што следуваше и заплена на уште 40 тона марихуана од фирма во Скопје и Струмица. Истрагата и за оваа заплена е во тек, а ВМРО-ДПМНЕ го постави прашањето за блискоста на сопственикот на запленетата марихуана со Венко Филипче и семејството на Зоран Заев.

    вмродпмне запленета марихуана сдсм србија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Левица обвини за партизација и притисоци во министерството за земјоделство

    16/04/2026

    ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Венко Филипче пет дена ја слават победата на Маѓар во Унгарија

    16/04/2026

    СДСМ: Mицкоски ѝ се заканува на опозицијата со прогон

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.