Општина Ѓорче Петров организираше комеморативна манифестација пред споменикот на паднатите бранители во селото Волково по повод 25 години од загинувањето на осумте припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила кои со товарно возило налетаа на мина.
Градоначалникот Александар Стојкоски на семејствата на загинатите бранители им вети дека нивните имиња нема никогаш да исчезнат од македонската колективна меморија и нагласи дека подвигот на бранителите не е само дел од историјата, туку претставува вечен завет – со храброст, чест и љубов кон Македонија.
Во рамки на чествувањето, венци беа положени и кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.
Со активностите се одбележува споменот на припадниците на резервниот состав на Армијата кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година.
