Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Од следната недела стартува вакцинацијата против грип, прво за ризичните групи
    Република

    Од следната недела стартува вакцинацијата против грип, прво за ризичните групи

    13/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Почнува пријавувањето преку системот „Мој термин“ за бесплатна вакцинација против сезонски грип, а здравствените власти очекуваат имунизацијата да започне веќе од следната недела. Прв приоритет ќе имаат граѓаните кои припаѓаат на ризичните категории, додека паралелно продолжуваат активностите за обезбедување дополнителни количини вакцини.

    Во земјава веќе пристигнаа првите 30.000 дози од вакцината против сезонски грип, а според најавите, до 15 ноември ќе пристигнат уште 26.000. Со тоа вкупната количина ќе достигне 56.000 вакцини, додека Министерството за здравство работи да обезбеди вкупно 80.000 дози за претстојната сезона.

    Пријавувањето на граѓаните ќе се одвива преку системот „Мој термин“, по што ќе следи повикување за вакцинација според утврдените приоритети. Најнапред ќе бидат опфатени повозрасните лица, хронично болните, здравствените работници и останатите категории со зголемен ризик од компликации предизвикани од сезонскиот грип.

    Од здравствените власти истакнуваат дека навремената набавка на првите 30.000 вакцини овозможува имунизацијата да започне без одложување, додека дополнителните испораки ќе обезбедат доволно дози за проширување на опфатот.

    „Работиме да обезбедиме до 80.000 дози. Најважно беше да пристигнат првите 30.000 вакцини за веднаш да започнеме со имунизација на најризичните групи. Следните 26.000 дози се очекуваат до 15 ноември, а во меѓувреме продолжуваме со активности за обезбедување на преостанатите количини“, велат надлежните.

    Здравствените институции повторно апелираат граѓаните кои припаѓаат на ризичните категории навреме да се пријават за вакцинација, бидејќи имунизацијата останува најефикасната заштита од потешки форми на сезонски грип и можните компликации.

    Поврзани вести:

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    Времен режим на патот Прилеп – Кавадарци, возачите да сметаат на забавен сообраќај

    Времен режим на патот Прилеп – Кавадарци, возачите да сметаат на забавен сообраќај

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Над 600 прекршоци за брзо возење во една полициска акција низ Македонија

    13/10/2026

    МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

    13/10/2026

    Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.