Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Од недела со чартери ќе се евакуираат Македонците од земјите од Блискиот Исток
    Политика

    Од недела со чартери ќе се евакуираат Македонците од земјите од Блискиот Исток

    07/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    -Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање, се наведува во соопштението.

    Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани.

    Според последните податоци, заклучно со денес, Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

    Министерството, како што е наведено во соопштението, уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

    Техничките и организациските детали околу реализацијата на летовите ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

    Министерството останува во постојана комуникација со граѓаните и во координација со надлежните институции, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање.

    Поврзани вести:

    ВЛЕН: Македонија со голем чекор кон енергетска независност и сигурност

    ВЛЕН: Македонија со голем чекор кон енергетска независност и сигурност

    Лефков: Филипче е против дата-центрите, се разидува и со Ковачевски

    Лефков: Филипче е против дата-центрите, се разидува и со Ковачевски

    Филипче: Глигоров има историски заслуги што Македонија ја стекна независноста по мирен пат

    Филипче: Глигоров има историски заслуги што Македонија ја стекна независноста по мирен пат

    Левица: Долговите на училиштата во Аеродром пораснале на 39 милиони денари

    Левица: Долговите на училиштата во Аеродром пораснале на 39 милиони денари

    Пред пратениците денеска Националната стратегија за безбедност во сообраќајот

    Пред пратениците денеска Националната стратегија за безбедност во сообраќајот

    Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете

    Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Блиски Исток евакуација македонци
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВЛЕН: Македонија со голем чекор кон енергетска независност и сигурност

    06/09/2026

    Лефков: Филипче е против дата-центрите, се разидува и со Ковачевски

    04/09/2026

    Филипче: Глигоров има историски заслуги што Македонија ја стекна независноста по мирен пат

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.