Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Од министерка на Тачи до претседателка предложена од Курти: Којa е Јустина Широка-Пула
    Свет

    Од министерка на Тачи до претседателка предложена од Курти: Којa е Јустина Широка-Пула

    07/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Косово доби нова претседателка – Јустина Широка-Пула, економистка, професорка и академик, која во Собранието беше избрана со 81 глас.

    Нејзиниот политички пат носи интересна симболика. Широка-Пула некогаш беше министерка во владата на Хашим Тачи и пратеничка од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), а сега за шеф на државата беше предложена од партијата Самоопределување на Албин Курти.

    Широка-Пула е родена во 1953 година во Приштина. Дипломирала на Економскиот факултет во Приштина во 1976 година, а постдипломските студии по теорија и политика на економскиот развој ги завршила во Загреб.

    По краткиот ангажман во Народната банка на Косово, во 1978 година започнала академска кариера на Универзитетот во Приштина. На Економскиот факултет напредувала од асистентка до редовна професорка во 2004 година.

    Во академската кариера била раководителка на Одделот за менаџмент и информатика, членка на Сенатот и на Управниот одбор на Универзитетот во Приштина, а дел од своето усовршување го поминала и на универзитетите во Линц и Аризона.

    Нејзината биографија, сепак, вклучува и високи политички функции. Од 2008 до 2011 година беше министерка за енергетика и рударство во владата на Хашим Тачи, а потоа од 2011 до 2014 година беше пратеничка во косовското Собрание како членка на ПДК.

    Нејзиниот избор дојде по неуспехот на политичките партии да постигнат договор за други кандидати. Нејзиното име се појави како компромисно решение во последниот момент, овозможувајќи избор на претседател и избегнување нови предвремени парламентарни избори.

    Широка-Пула во последните години повторно беше активна главно во академската сфера. Во 2016 година стана дописна членка, а во 2020 година редовна членка на Академијата на науките и уметностите на Косово.

    Во декември 2025 година таа стана првата жена избрана за претседателка на Академијата.

    Со изборот за претседателка на Косово, Широка-Пула стана третата жена на оваа функција, по Атифете Јахјага и Вјоса Османи.

    По положувањето на заклетвата порача дека ќе биде претседателка на сите граѓани, а како свои приоритети ги посочи единството, економскиот развој, зајакнувањето на институциите и евроатлантската ориентација на земјата.

    Поврзани вести:

    Јапонски град си додал речиси 3.000 жители за да добие повеќе пари од државата

    Јапонски град си додал речиси 3.000 жители за да добие повеќе пари од државата

    Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија, тројца повредени

    Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија, тројца повредени

    Над 250.000 луѓе на протести низ Франција, уапсени 488 лица по судири со полицијата

    Над 250.000 луѓе на протести низ Франција, уапсени 488 лица по судири со полицијата

    Иселувањето на 87-годишна жена ја разгоре кризата со домувањето во Шпанија, Санчез најави итни мерки

    Иселувањето на 87-годишна жена ја разгоре кризата со домувањето во Шпанија, Санчез најави итни мерки

    Трамп ќе разговара со Путин за сомнежот за чума во руски институт во Сибир

    Трамп ќе разговара со Путин за сомнежот за чума во руски институт во Сибир

    Две лица загинаа во руски воздушен напад врз Киев

    Две лица загинаа во руски воздушен напад врз Киев

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    јустина широка пула Косово курти претседателка тачи
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Јапонски град си додал речиси 3.000 жители за да добие повеќе пари од државата

    07/10/2026

    Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија, тројца повредени

    07/10/2026

    Над 250.000 луѓе на протести низ Франција, уапсени 488 лица по судири со полицијата

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.