Плаќањата во евра кон земјите од Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, од денеска се со пониски банкарски провизии за граѓаните и компаниите во Македонија. Според гувернерот Трајко Славески, македонските граѓани и компании ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и тие во земјите од ЕУ. Според официјално објавените информации, девет македонски банки се целосно подготвени да извршуваат плаќања во рамките на шемата SEPA Credit Transfer уште од денес, a oстанатите три банки го финализираат приклучувањето до крајот на првиот квартал 2026, во роковите утврдени од Народната банка. Клучната придобивка е во провизијата и брзината. За електронски налог од 500 евра, физичките лица во просек ќе платат околу 260 денари, наместо досегашните 1.600.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
