Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Обвинителството со месеци чека одговори од МВР за случајот во Кабинетот на претседателката
    Република

    Обвинителството со месеци чека одговори од МВР за случајот во Кабинетот на претседателката

    20/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Обвинителството за организиран криминал и корупција со месеци чека одговори и докази од Министерството за внатрешни работи во врска со случајот што се однесува на сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

    Предистражната постапка била отворена уште на 18 декември 2025 година, по известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР, а се однесувала на настан од 24 ноември истата година и, како што наведуваат од Обвинителството, „индиции за недозволени активности од висок државен интерес“.

    Во рамки на постапката, обвинителството веднаш побарало судска наредба за увид и проверка на информативниот систем во Кабинетот на претседателката, со цел да се утврди дали имало неовластено копирање, извлекување или пренесување на доверливи податоци.

    Истражителите одзеле компјутери и лаптопи од кабинетот, кои потоа биле предадени на МВР за вештачење и анализа. Паралелно, биле побарани и снимки од безбедносните камери за периодот кога се случил спорниот настан, со цел да се утврди кој имал пристап до системот и дали биле изнесувани чувствителни информации.

    На 30 декември 2025 година била испратена и официјална наредба до Секторот за компјутерски криминал за анализа на извлечените електронски податоци.

    Сепак, истрагата се соочила со дополнителни проблеми откако Кабинетот на претседателката го известил обвинителството дека не располага со копии од видео надзорот. Од таму посочиле дека системот бил набавен преку Службата за општи и заеднички работи, додека со снимките управувало МВР.

    Потоа обвинителството се обратило и до СОЗР и до Министерството за внатрешни работи со барање за итно обезбедување на снимките. Од СОЗР одговориле дека нивната улога била само набавка на опремата, а не и чување на видео материјалите.

    Според информациите од Обвинителството, МВР до денес не доставило ниту снимки, ниту информација дали се преземени конкретни активности за нивно обезбедување.

    Во март годинава, МВР испратило само делумен извештај поврзан со пристап до криптирани податоци од компјутерската опрема. Во меѓувреме, до обвинителството биле доставени и два мобилни телефона одземени од вработен во Кабинетот на претседателката, кој раководел со информатичкото одделение.

    По тоа, обвинителката Катерина Коларевиќ наредила дополнителна анализа на телефоните, како и споредба на податоците од нив со материјалите извлечени од компјутерите.

    На 25 март 2026 година била испратена нова наредба до МВР за детална анализа на сите електронски податоци и за проверка како е постапено по судската наредба за увид во информативниот систем.

    Но, и покрај сериозноста на случајот и можните безбедносни импликации, од Обвинителството велат дека сè уште немаат добиено конечни извештаи, ниту комплетни докази од Министерството за внатрешни работи.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.