Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши.
Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост.
Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај годинава и е правосилна.
Јавното обвинителство информираше дека предметниот јавен обвинител Марија Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.03.2024 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
