Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата кој беше отворен на 10 септември 2021 година по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово.
Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници.
Денеска на брифинг со новинарите обвинителката Верица Бержецка рече дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.
Во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, а десетина беа повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
