Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Обвинети 39 лица за организирана измама со брзи кредити
    Република

    Обвинети 39 лица за организирана измама со брзи кредити

    16/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица и предложи издавање казнен налог за уште 33 лица, осомничени дека биле дел од организирана шема за злоупотреба на лични податоци, фалсификување документи и компјутерски измами преку подигнување брзи кредити.

    Според Обвинителството, обвинетите во повеќе наврати, координирано и со однапред утврдени улоги, внесувале лажни податоци во информатичките системи на финансиски друштва. При тоа користеле фалсификувани документи и злоупотребени лични податоци на граѓани за да подигнат брзи кредити на нивно име.

    Во шемата, според истрагата, учествувал и службеник од Фондот за здравствено осигурување, кој им обезбедувал ЕЗБО броеви преку електронскиот систем на институцијата, со што им го олеснувал реализирањето на измамите.

    Истрагата покажала дека четворица од обвинетите во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година незаконски стекнале имотна корист од 2.509.808 денари. Останатите осомничени, во текот на 2022 и 2023 година, прибавиле дополнителни 659.500 денари, со што вкупната противправно стекната корист надминала 3,1 милион денари.

    За четири лица кои првично биле опфатени со истрагата, јавниот обвинител ја запрел постапката. За двајца не биле обезбедени доволно докази за нивна вмешаност, додека двајца починале во текот на истражната постапка.

    Предметот продолжува пред надлежниот суд, каде обвинетите ќе одговараат за продолжени кривични дела – фалсификување исправа, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.