Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Обвинение за тешки злоупотреби во РЕК Битола: Тендер вреден 1,7 милиони евра под истрага
    Економија

    Обвинение за тешки злоупотреби во РЕК Битола: Тендер вреден 1,7 милиони евра под истрага

    02/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По спроведена обемна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички лица и едно правно лице за сериозни злоупотреби поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.

    Според обвинението, во текот на 2023 година петмина од обвинетите, во својство на директори и раководни лица во РЕК Битола, меѓу кои и тогашниот директор на комбинатот, сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тие, со заедничко дејствување, не постапиле законито и совесно, прекршувајќи ги основните принципи на економичност, ефикасност и конкурентност утврдени во Законот за јавни набавки.

    Со намера да овозможат противправна имотна корист за избрано правно лице, обвинетите спровеле тендерска постапка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК Битола. Иако биле свесни дека планираниот транспортен систем е спротивен на основниот проект и несоодветен за технолошкиот процес на ископ и транспорт на јаглен, сепак ја реализирале набавката. Дополнително, во рудникот Живојно, поради формата на површинскиот коп и ограничениот век на експлоатација, не била предвидена примена на континуирана технологија со каква што располагале дислоцираните погонски станици.

    Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план, а условите за учество на тендерот биле поставени така што фаворизирале само една компанија. На тој начин, таа фирма се појавила како единствен понудувач и го добила договорот вреден околу 90 милиони денари без ДДВ.

    Сопственикот на фирмата, двајца негови вработени и самото правно лице се обвинети за злоупотреба на постапка за јавна набавка, бидејќи доставиле невистинита документација со која тврделе дека монтажните работи се целосно завршени, иако опремата фактички не била инсталирана и се наоѓала во кругот на РЕК Битола. Врз основа на таа документација била извршена исплата, со што компанијата се стекнала со значителна противправна корист.

    Во ова, според обвинението, биле вклучени и тројца директори и раководители во РЕК Битола кои во 2024 година потпишувале записници и извештаи за наводно завршени работи, иако знаеле дека истите не се реализирани. Со тоа било овозможено незаконито исплаќање средства, што се квалификува како продолжено кривично дело измама во службата.

    Јавниот обвинител побара одземање на околу 1,7 милиони евра со ДДВ, колку што изнесува износот исплатен на компанијата. Во рамки на истрагата, со користење и на меѓународна правна помош, обезбедени се над 1,2 милиони евра, готовина во странска валута, златни монети и златна плочка од банкарски сеф во Белград, како и повеќе од 500.000 евра на сметки во домашни банки.

    Дополнително, замрзнати се и десет нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година преку фирма во Србија, сопственост на првообвинетиот. Истражните органи утврдиле дека обвинетиот поседува и компании во Србија и дека постои ризик од префрлање на средства и бегство, поради што е побарано продолжување на мерката притвор до завршување на судската постапка.

    Поврзани вести:

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Граѓаните наскоро ќе го добијат повратот од Мој ДДВ, до 2.100 денари по корисник

    Граѓаните наскоро ќе го добијат повратот од Мој ДДВ, до 2.100 денари по корисник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    20/10/2026

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.