Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица осомничени за тешка кражба извршена во кругот на фабриката Железара. За едно од лицата е предложен притвор, додека за останатите двајца се предложени мерки на претпазливост.
Според обвинителството, во првите денови од март, обвинетите од фабричкиот круг одзеле различни видови електрични кабли во вредност од околу 196.500 денари, сопственост на фирма од Кавадарци.
При извршувањето на делото, тие оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, со што предизвикале дополнителна штета проценета на околу 800.000 денари.
По натоварувањето на каблите во автомобил и обидот да го напуштат кругот на фабриката, тројцата биле забележани, по што биле приведени и лишени од слобода.
Со обвинителниот акт, јавниот обвинител предложил продолжување на мерката притвор за едно од осомничените лица, додека за другите двајца остануваат на сила претходно определените мерки на претпазливост.
