Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и детските градинки, со цел да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Активноста, која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисување на пешачките премини и уличните училишни ознаки пред сите десет основни училишта во Карпош.
Дополнително, ќе бидат обновени и пешачките премини пред десет објекти на четирите јавни детски градинки во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
