Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Објавата на примирјето ја спушти цената на нафтата, берзите забележаа раст
    Економија

    Објавата на примирјето ја спушти цената на нафтата, берзите забележаа раст

    08/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Цените на сировата нафта нагло паднаа, спуштајќи се значително под нивото од 100 долари за барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се согласиле на двонеделно примирје со Иран.

    Трамп појасни дека договорот е условен со тоа Иран да дозволи „целосно“ повторно отворање на Ормутскиот теснец. Речиси целосната блокада на овој поморски пат – низ кој поминува околу четвртина од светската трговија со нафта – доведе до најголемо нарушување во историјата на нафтениот пазар.

    Цената на глобалната референтна нафта Брент за идни испораки падна за околу 16 проценти, на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е и натаму значително над нивото од околу 73 долари, на кое се наоѓаше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна нафта WTI падна за околу 19 проценти, исто така на приближно 92 долари за барел.

    По веста за примирјето, терминските договори за Dow Jones пораснаа за повеќе од 900 поени или 1,95 проценти, S&P 500 за 2,13 проценти, а Nasdaq за 2,46 проценти.
    Позитивниот тренд се пренесе и на азиските пазари, каде јапонскиот Nikkei 225 порасна за 4,4 проценти, а јужнокорејскиот Kospi за дури 5,6 проценти.

    берза намалување нафта примирје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски очекува намалување цените на бензините за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5

    11/04/2026

    Грција и Србија и овој Велигден омилени дестинации за Македонците

    11/04/2026

    Добро е што ќе се копаат нови руди под земјата, ама мора и да се сее почвата, земјоделството е нашиот најголем рудник

    11/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.