Со варирањето на температурите предвреме пристигна и сезонскиот грип. Од Министерството за здравство ги информираа граѓаните дека годинава навреме е потпишан договор за набавка на 80 000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври. Министерството потсети дека со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население – повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
