Завршени се обдукциите на две од жените за кои постои сомневање дека се убиени од страна на веќе осомничениот кумановски убиец. И во двата случаи е потврдено дека станува збор за насилна смрт.
Кумановецот, кој е под истрага и за можните сериски убиства, беше уапсен минатата недела за убиство на 78-годишна жена од Старо Нагоричане која живеела сама. Била претепана и задушена со перница, а постојат индиции дека била и ограбена.
Истражните органи преиспитуваат уште други 3 случаи за кои се сомневаат дека се убиства. Заедничко за сите жртви е тоа што биле жени кои живееле сами, пронајдени мртви во своите домови, делумно соблечени. Чудно е тоа што за ниту една од нив претходно не била извршена обдукција за точно да се види причината на смртта.

