Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство кои се однесуваат на објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на
објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс.
Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во Кафе бар Класик, каде во сите како управител стои Митко Стојанов и се вршени во негово присуство.
Потоа беа презентирани повеќе докази поврзани со барање од Никола Кузманов за изградба на деловен објект од 1999 година, заедно со план, проект и елаборат за градба, како и документ и одобрение за градба издадени од Министерство за урбанизам и
градежништво како и документација за легализација на дивоградба – доградба на објектот направена подоцна без соодветна документација.
