Во израелски воздушни напади врз Либан, утрово загинале седум лица, соопшти либанското Министерство за здравство.
Израел соопшти дека извршила два одделни напада насочени кон висок командант и уште еден член на Хезболах.
Овие напади се дел од пошироката ескалација на израелската офанзива во Либан, во која досега загинале најмалку 1.200 луѓе, а околу 1,2 милиони се раселени. Либан беше вовлечен во конфликтот откако Хезболах испали ракети кон Израел во знак на поддршка за Иран.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
