Премногу дупки зјаат по скопските улици. Градоначалникот почна да ги крпи, но дали сите ќе ги види?
Акцијата „Пријави дупка” за да им помогнеме на градските служби полесно да ги лоцираат и санираат побуди силен интерес кај скопјани. Само во првите два часа по објавувањето на првите улични кратери добивме повеќе од 40 пораки, каде што граѓаните посочуваат места на кои под итно градските служби треба да извршат санација.
Денес ќе пренесеме дел од нив:
Лазар Петковски ни пријави дека кај клучката Момин Поток, градежната компанија го отстранила асфалтот поради поставување на цевка од пред 3 години и никогаш не го санирала. Фотографиите што ги објавуваме се и од ул.„Скупи 1А”.

Михаил Николов пак ни пријави голема дупка на пред објект ул. Франклин Рузвелт бр. 16 во Центар. Тој напиша дека дупката е од поодамна и е само пополнета со бекатон плочки.

Од Аеродром се јави Билјана Митевски која ни пријави дупка на улицата пред нејзината зграда. Таа вели дека и досега пријавувале во општината и дека нивниот проблем е поголем затоа што од таа дупка им влегува вода во подрумските простории.


Прва Скопска ТВ и во наредниот период ќе објавува фотографии и пријави на проблеми со дупки по улиците. Тоа ќе го сториме и на ТВ-екранот и преку интернет порталот.
Ги повикуваме сите наши гледачи и читатели да ни пишуваат и да ни испраќаат фотографии или видеа на нашата е-маил адреса: info@prvaskopska.mk
и преку нашите профили на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/PrvaSkopskaTV/
https://www.instagram.com/prvaskopskatv/
