Новак Ѓоковиќ повторно ја почувствува големата популарност што ја ужива во Кина, каде што овие денови престојува по освојувањето на турнирот во Пекинг и пред настапот на Мастерсот во Шангај.
Српскиот тенисер по петгодишна пауза се врати во Кина, а неговото пристигнување предизвика голем интерес кај тамошните навивачи. Љубителите на тенисот го следат на секој чекор – од доаѓањето во земјата, па сè до тренинзите и јавните настапи.
Ѓоковиќ призна дека во Кина се чувствува исклучително прифатено и дека поддршката од публиката му создава чувство како да е дома.
На една од прес-конференциите, 24-кратниот освојувач на грен-слем титули се пошегува со новинарите зборувајќи за односот што го има со кинеските фанови.
„Неверојатно е колку љубов и поддршка добивам овде. Навистина се чувствувам посебно. Толку ми е убаво во Кина што уште само ми недостига да ми дадете кинески пасош“, изјави Ѓоковиќ со насмевка, предизвикувајќи позитивни реакции.
Српскиот тенисер има одлични резултати на азиската турнеја. Мастерсот во Шангај го освојуваше четири пати – во 2012, 2013, 2015 и 2018 година, додека на турнирот во Пекинг има шест титули од исто толку настапи и неверојатен учинок од 34 победи без пораз.
