Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Николоски: Владата ќе донира 100 нови комбиња на Македонски пошти
    Економија

    Николоски: Владата ќе донира 100 нови комбиња на Македонски пошти

    24/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Да бидеме фер и отворени – многу е лесно да се земе делот од пазарот што е профитабилен и што одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност – писмото што јас денеска му го праќам на градоначалникот на Вевчани да го однесе во услови кога никој друг не го прави тоа. За ова ќе разговараме во следниот период зашто состојбата не може да остане ваква – или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки. Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа, порача денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

    Во обраќањето на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, Николоски потсети дека и барањето во Планот за раст е да се подобри ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 отсто, како и да се подобрат индикаторите за профитабилност исто така до 15 проценти, но тоа, потенцира, во сегашните услови кај нас е невозможно.

    – Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар на услуги што понекогаш ни создава сериозни главоболки, имајќи предвид дека ние сме Влада што сака да го штити државниот капитал и државните компании да напредуваат, за разлика од други влади кои беа подготвени да ги продаваат. Одредени наши претходници сега се со судски постапки токму поради такви одлуки. Ние би сакале Македонска пошта да расте и да напредува. Овие директиви во услови кога не сме членка на ЕУ навистина ни создаваат главоболки во делот на функционирањето на Македонска пошта. Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа. Во таа насока, повторно доаѓаме до ЕУ – барањето во Планот за раст е да се подобри ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 отсто и да се подобрат индикаторите за профитабилност исто така до 15 проценти, што во услови кои ги опишав претходно мислам дека е невозможно. Затоа мора да ги менуваме условите, подвлече министерот.

    Тој најави и дека ќе има законски измени кои ќе одат токму во оваа насока.

    -Правиме консултации со сите релевантни чинители и играчи на пазарот, но наша задача и цел е да го заштитиме државниот капитал и тоа ќе го правиме, истакна Николоски.

    Воедно информира дека следниов месец Македонска пошта од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа.

    -Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта и во делот на софтвер, сортирки, просторни услови и можност за испорачување најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога, рече Николоски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Божиновска: Енергетската транзиција се води со план, координација и одговорност

    Божиновска: Енергетската транзиција се води со план, координација и одговорност

    Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

    Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

    Превојот „Пресека“ нема повеќе да ги крши амортизерите на возилата, засилено се рехабилитираат 11 км од автопатот

    Превојот „Пресека“ нема повеќе да ги крши амортизерите на возилата, засилено се рехабилитираат 11 км од автопатот

    Македонија обезбеди 97 милиони евра за стратешки енергетски проекти, кажа министерката Димитриеска-Кочоска

    Македонија обезбеди 97 милиони евра за стратешки енергетски проекти, кажа министерката Димитриеска-Кочоска

    Наглото зголемување на минималната плата е товар за малите и средни претпријатија, вели министерот за економија

    Наглото зголемување на минималната плата е товар за малите и средни претпријатија, вели министерот за економија

    Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

    Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

    александар николоски македонски пошти
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нови 100 амбулантни возила ќе набави владата, ќе се реши и проблемот со паркирање на комплексот клиники

    24/12/2025

    Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни

    24/12/2025

    Загадениот воздух во Скопје и Струмица снема здив, се укинуваат мерките и препораките

    24/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.