Попладнево повеќе делови од државата се зафатени од нов бран нестабилно време проследено со пороен дожд, засилен ветер и локални грмежи.
Според метеоролозите, во Скопско и Валандовско постојат услови за појава на суградица и електрични празнења, додека нестабилноста дополнително се интензивира во одредени подрачја.
Во северните делови на Скопската Котлина веќе се регистрирани врнежи од дожд, засилен северен ветер и повремени грмежи. Пороен дожд е активен и во околината на Пробиштип, како и на подрачјето на општина Свети Николе.
Надлежните апелираат до граѓаните и возачите да бидат внимателни и да ги следат временските услови, особено во регионите каде невремето е поизразено.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
