Репрезентацијата на Ирска се најде во необична ситуација пред натпреварот против Израел, откако еден од голманите одби да биде дел од дуелот поради протест поврзан со војната во Газа.
Голманот Гевин Базуну одлучил да не настапи на натпреварот, кој се игра во Дебрецен, Унгарија, изразувајќи несогласување со актуелните случувања во Газа.
Бидејќи според правилата на УЕФА во официјалниот записник мора да има двајца резервни голмани, ирскиот стручен штаб пронашол необично решение.
Во составот како еден од тројцата голмани е пријавен Џими Дан, фудбалер на Квинс Парк Ренџерс, кој по својата природна позиција е централен дефанзивец. Тој првично бил повикан во репрезентацијата како стопер, но поради неочекуваните околности бил впишан како резервен голман.
Покрај Дан, во голманската конкуренција за натпреварот се Каоимхин Келехер и Макс О’Лири.
