Ескалира политичката ситуација во Грузија. По убедливата победа на владеачката партија на локалните избори, демонстранти предводени од проевропската опозиција се обидоа да упаднат во дворот на претседателската палата во Тбилиси, што предизвика судири со полицијата. Во инцидентите биле повредени 21 полицаец и шест демонстранти, додека пет лица се уапсени. Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, изјави дека демонстрантите се обиделе да ја соборат владата и ја обвини ЕУ за мешање во внатрешните работи на земјата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
