Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Наредена истрага за смртта на Ратко Младиќ во Хаг, ќе се проверуваат сите околности
    Свет

    Наредена истрага за смртта на Ратко Младиќ во Хаг, ќе се проверуваат сите околности

    28/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови нареди целосна истрага за околностите под кои почина поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

    Младиќ почина вчера додека бил хоспитализиран во Хаг, каде што ја издржуваше доживотната затворска казна изречена за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

    Претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, го назначи судијата Иан Бономи да ја води постапката за утврдување на сите факти поврзани со неговата смрт.

    Од институцијата посочуваат дека отворањето истрага е стандардна процедура што се спроведува во случаи кога лице ќе почине додека е во притвор и дека само по себе не значи дека постојат сомневања за насилна смрт.

    По веста за смртта на Младиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека тој практично бил „убиен“ поради, како што тврди, несоодветен медицински третман во Хаг.

    Додик оцени дека Младиќ можел да живее подолго доколку имал подобра здравствена грижа, но за овие тврдења не изнесе конкретни докази. Слични ставови изнесе и лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ.

    Од друга страна, официјалните документи на Механизмот покажуваат дека здравствената состојба на Младиќ била сериозно нарушена уште пред неговата смрт.

    Неговата одбрана во април годинава побара предвремено или привремено ослободување, образложувајќи дека неговото здравје било „напредно и неповратно влошено“ и дека се наоѓал во завршна фаза од животот.

    Во медицинскиот извештај од 13 август било наведено дека неговата состојба нагло се влошувала и дека смртта можела да настапи во секој момент.

    Барањето Младиќ да биде пуштен на слобода и да биде префрлен во Србија било одбиено. Во одлуката било наведено дека му била обезбедена палијативна грижа и постојан медицински надзор.

    Механизмот најави дека ќе одржи прес-конференција посветена на смртта на Младиќ и работата на институцијата, по што се очекува да бидат соопштени дополнителни информации.

    Ратко Младиќ беше осуден во 2017 година на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и за геноцидот во Сребреница. Правосилноста на пресудата беше потврдена во 2021 година.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.