Фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец” алармира за присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг лоциран меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во Центар.
Според објавата и фотографиите доставени од граѓани, на локацијата се забележани глодари, а на дел од фотографиите, како што се наведува во објавата, има и угинати животни. Фотографиите се направени на 17 септември 2026 година.
Состојбата предизвикува дополнителна загриженост поради близината на основното училиште, каде што секојдневно се движат голем број ученици и родители.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
