Повеќе од сто малолетни лица се убиени во Појасот Газа откако стапи во сила примирјето во октомври минатата година, соопшти УНИЦЕФ.
Портпаролот на УНИЦЕФ, истакна дека смртните случаи се главно предизвикани од воздушни напади и напади со беспилотни летала, но оти се регистрирани и загинати малолетни лица од огнено оружје, како и жртви на неексплодирани направи од претходните борби.
Според УНИЦЕФ, бројот на жртвите најверојатно е поголем, бидејќи тие евидентираат само потврдени случаи.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

