На Скопје му фали зеленило, особено дрвја. Нужно е да се сади што е можно повеќе.
Во тој правец, вчера беа засадени 100 листопадни и зимзелени дрвја во големиот парк во Радишани. Пред некој ден во непосредна близина на Паркот на шахот, во општина Кисела Вода беа засадени дваесет нови дрвца.
Но, дали на тоа треба да заврши во овие две општини? А и низ останатиот дел од градот има многу слободни површини за садење на дрвја.
На Скопје и околината му треба пообемна акција на зазеленување. Времето за тоа е сега, а нека се прават и планови за во пролет. Градоначалниците треба да се фатат за лопатите и тоа не со садење на симболични бројки на садници, туку со четирицифрени па и повеќе засадени дрвја.
Мора да се прават мини паркчиња до многуте згради. Мора да се пополнуваат бројните испразнети места за садници оти некои се исушиле. Мора да се погледне дека Водно уште има места каде може да се пошумува.
Едноставно, помалку фографирања како се сади, а повеќе акции за садење е она што сакаат да го видат скопјени.
