Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»МВР: Турски државјанин убиен со нож во Старата чаршија, осомничениот во бегство
    Скопје

    МВР: Турски државјанин убиен со нож во Старата чаршија, осомничениот во бегство

    01/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари, во Старата чаршија во Скопје, со нож е убиен државјанин на Турција, а уште едно лице е тешко повредено, соопшти полицијата.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 јануари 2026 година, во 1:11 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект во Старата чаршија, при што дошло до физичка пресметка. Две лица се здобиле со повреди од остар предмет, а полициските екипи веднаш излегле на терен.

    На местото биле затекнати А.М.Д. (22) од Турција, кај кого лекар од Итната медицинска помош во 1:30 часот констатирал смрт, како и Ч.Е. (23), исто така државјанин на Турција, кој со тешки повреди бил пренесен во Клинички центар Мајка Тереза. За случајот бил известен јавен обвинител и е започната истрага.

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека новогодишната ноќ во земјава поминала главно мирно, но биле евидентирани два сериозни инциденти – убиството во Старата чаршија и тешко повредување на двегодишно дете, кое се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

    Во врска со убиството, министерот посочи дека постои осомничено лице кое моментално е во бегство, како и дека во настанот учествувале повеќе лица. Според досегашните информации, сите инволвирани се странски државјани. Детали не беа соопштени поради интересот на истрагата.

    За повреденото дете, Тошковски наведе дека се работи за повреда во пределот на главата, предизвикана од метален фрагмент, чиј точен извор сè уште се утврдува. Како што рече, постојат повеќе теории за настанот и јавноста ќе биде информирана откако ќе се утврдат сите околности.

    Директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, соопшти дека во текот на ноќта било примено двегодишно дете со непознати лични податоци, со тешка повреда на главата, за која постои сомнеж дека е предизвикана од огнено оружје.

    Поврзани вести:

    Показна вежба за евакуација и интервенција при пожар во дом за стари лица во Ѓорче Петров

    Показна вежба за евакуација и интервенција при пожар во дом за стари лица во Ѓорче Петров

    Делови од три скопски улици денеска ќе останат без вода

    Делови од три скопски улици денеска ќе останат без вода

    Делови од Гази Баба и Илинден денеска без струја

    Делови од Гази Баба и Илинден денеска без струја

    Се спроведува есенска дератизација во Општина Центар, опфатени околу 2.000 шахти

    Се спроведува есенска дератизација во Општина Центар, опфатени околу 2.000 шахти

    Нови асфалтирани улици во Илинден, Мршевци, Марино и Кадино

    Нови асфалтирани улици во Илинден, Мршевци, Марино и Кадино

    Подобри услови за најмладите: Градинките во Кисела Вода добија нови едукативни материјали

    Подобри услови за најмладите: Градинките во Кисела Вода добија нови едукативни материјали

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    Показна вежба за евакуација и интервенција при пожар во дом за стари лица во Ѓорче Петров

    20/10/2026

    Делови од три скопски улици денеска ќе останат без вода

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.