Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, меѓу нив и малолетници
    Република

    МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, меѓу нив и малолетници

    04/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во текот на изминатите 24 часа, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

    Според Министерството за внатрешни работи, деветмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Меѓу нив се лица од Скопје, Битола, Велес, Градско и Делчево, како и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години.

    Полицијата привела и двајца возачи кои биле затекнати зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување, а истовремено биле под дејство на алкохол.

    Дополнително, уште едно лице било лишено од слобода затоа што управувало возило под дејство на алкохол.

    Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    Воедно, Министерството повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не седнуваат зад волан без возачка дозвола, за време на изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

    Поврзани вести:

    Клековски: Скрининг програмата за рак на дојка мора целосно да се промени

    Клековски: Скрининг програмата за рак на дојка мора целосно да се промени

    Студено утро, сончев и топол ден – температурите до 28 степени

    Студено утро, сончев и топол ден – температурите до 28 степени

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    алкохол возачи мвр полиција уапсени
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Клековски: Скрининг програмата за рак на дојка мора целосно да се промени

    04/10/2026

    Студено утро, сончев и топол ден – температурите до 28 степени

    04/10/2026

    Уапсен 28-годишник од неготинско, му се заканувал на братот под дејство на алкохол

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.