Полициски службеници вчера вршеле проверки на ученици при влез во неколку средни училишта во Скопје.
Од Министерство за внатрешни работи за Плусинфо велат дека станува збор за превентивна акција.
– По претходно изготвен план, полициски службеници вршат проверки во содејство со педагозите во скопските средни училиштата на дел од учениците при влез. Проверките се од превентивен карактер чија цел е спречување на девијантни појави, како и откривање на евентуално носење наркотични средства и оружје, објаснија од МВР.
Акцијата е дел од засилените активности на полицијата за превенција на насилство и недозволени предмети во образовните установи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
