На својата веб страница, МВР постави линк кој води до регистарот на напади врз новинари, објавен на страницата на Здружението на новинари на Македонија. Овој регистар ги прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на пријавата и постапката.
„Безбедноста на новинарите за МВР е еден од врвните приоритети и во изминативе години интензивно се работи на ова поле”, велат од МВР.
Од таму посочуваат дека координацијата помеѓу полицијата, обвинителството и новинарските организации е на високо ниво и тоа многу придонесува за брзо и ефикасно решавање на случаите кои се однесуваат на новинарите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
