Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МВР: Нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија
    Република

    МВР: Нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија

    12/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во системот за гранична контрола нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила државата, иако претходно денеска таа изјави дека легално преминала во Бугарија.

    „Во однос на лицето за кое прашувате, ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија“, соопштија од МВР.

    По пристигнувањето во Бугарија, Михаилова во изјава за локални медиуми тврдеше дека нема ништо спорно во нејзиното заминување и дека македонско-бугарската граница ја преминала со лични документи. На прашањето како ѝ било дозволено да ја напушти Македонија, таа изјави дека граничната полиција соработувала.

    Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици. Во рамки на постапката ѝ беа одземени личните документи како мерка на претпазливост.

    Бугарските медиуми претходно објавија дека Михаилова, заедно со својот адвокат, ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија на лекување. Засега останува нејасно како го напуштила македонска територија, со оглед на тоа што МВР тврди дека таков излез не е евидентиран.

    Поврзани вести:

    Пожарот изгаснат, жителите ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“

    Пожарот изгаснат, жителите ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“

    „Безбеден град“ стартува и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар – камерите веќе снимаат прекршоци

    „Безбеден град“ стартува и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар – камерите веќе снимаат прекршоци

    Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, стартува новата делница од Коридорот 8

    Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, стартува новата делница од Коридорот 8

    (Видео) Казнети четворица возачи кои со автомобили го блокирале булеварот „Јане Сандански“ во Скопје

    (Видео) Казнети четворица возачи кои со автомобили го блокирале булеварот „Јане Сандански“ во Скопје

    Двајца странски планинари спасени од Пирибег поради лошото време, информираа од ЦУК

    Двајца странски планинари спасени од Пирибег поради лошото време, информираа од ЦУК

    Шест полициски службеници ќе бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила, информираше МВР

    Шест полициски службеници ќе бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила, информираше МВР

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бугарија ива ива михаилова кочани македонија мвр
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пожарот изгаснат, жителите ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“

    12/10/2026

    „Безбеден град“ стартува и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар – камерите веќе снимаат прекршоци

    12/10/2026

    Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, стартува новата делница од Коридорот 8

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.