Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МВР: Кандидатите за Средното полициско училиште да не се отпишуваат од своите училишта
    Република

    МВР: Кандидатите за Средното полициско училиште да не се отпишуваат од своите училишта

    07/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ги извести заинтересираните кандидати за прием во Средното полициско училиште дека учениците кои ја завршиле првата или втората година во средните училишта не треба да се отпишуваат од своите матични училишта во текот на процесот на пријавување и селекција.

    Од МВР појаснуваат дека сите кандидати потребната документација треба да ја достават во оригинал или како копија заверена кај нотар.

    Со избраните кандидати, односно со нивните родители, старатели или законски застапници, Министерството ќе склучи договор за школување, со кој дополнително ќе бидат регулирани процедурите и обврските поврзани со училиштата во кои кандидатите претходно се школувале.

    Јавниот повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година беше објавен на 3 јули и ќе трае 15 дена.

    Со ова се обновува средното полициско образование во државата по пауза од 26 години, односно по завршувањето на последната генерација од поранешниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста „Елисие Поповски-Марко“.

    Новото државно Средно полициско училиште го носи името „7 Мај“, по Денот на македонската полиција. Право на пријавување имаат ученици кои имаат завршено втора година во кое било четиригодишно средно училиште во државата.

    Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата, врз основа на Законот за средно полициско училиште, донесен во август минатата година, со цел надминување на недостигот од формализирано средно полициско образование.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.