Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Муцунски: Заедно со италијанскиот министер за надворешни работи Тајани ќе организираме многу важна дискусија за Коридорот 8
    Република

    Муцунски: Заедно со италијанскиот министер за надворешни работи Тајани ќе организираме многу важна дискусија за Коридорот 8

    03/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На маргините на денешниот министерски состанок на НАТО ќе имаме многу важна дискусија за Коридорот 8, кој е од клучна политичка и безбедносна важност за подобрување на поврзаноста, но исто така и за стратешката воена мобилност, изјави утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски при пристигнувањето на денешната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел.

    – Јас и мојот италијански колега Антонио Тајани ќе бидеме кодомаќини на овој настан на кој се надевам дека ќе можеме да разговараме не само за Коридорот 8, туку и за Западниот Балкан каде што има многу големо влијание од страна на Русија, Кина, но и од други засегнати страни, истакна Муцунски.

    Кога станува збор за министерскиот состанок, Муцунски нагласи дека на него ќе стане збор за имплементацијата на договореното на Самитот на НАТО во Хаг, за плановите за зајакнување на подготвеноста на Алијансата, како и за поддршката за Украина, во услови кога се гледа моментум и прозорец на можности за постигнување мир, на што како што рече целосно се посветени американскиот државен секретар Марко Рубио, претседателот на САД, Доналд Трамп и целиот негов тим.

    – Го гледаме тој јасен прозорец на можности за постигнување ваков мир и секако ќе застанеме во поддршка на овој постоечки моментум, додаде Муцунски.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    коридор 8 мнр муцунски НАТО тајани
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.