Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Муцунски во Софија: Недовербата останува проблем, но дијалогот продолжува
    Република

    Муцунски во Софија: Недовербата останува проблем, но дијалогот продолжува

    09/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, европските интеграции, недовербата меѓу двете земји и Акцискиот план за малцинствата биле главните теми на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова на средбата во Софија.

    По разговорите, Муцунски оцени дека средбата поминала во конструктивен тон, но посочи дека и понатаму постојат сериозни разлики во ставовите за дел од клучните прашања. Сепак, двете страни се согласиле да продолжат со дијалогот за темите од заеднички интерес.

    Шефот на македонската дипломатија нагласи дека недовербата претставува еден од најголемите предизвици во односите меѓу двете држави, особено поради искуствата од претходниот период и поставените билатерални барања.

    Муцунски повтори дека прашањата поврзани со јазикот, идентитетот, историјата и културата не треба да бидат пречка за европскиот пат на Македонија.

    На средбата бил разгледан и Акцискиот план за малцинствата, за кој, како што посочи Муцунски, разговорите ќе продолжат и во следниот период.

    Бугарската министерка Чамова изјавила дека на средбата го поставила прашањето за можниот рок за спроведување на уставните измени. Според неа, Муцунски посочил дека за таков чекор е потребно најпрво да се изгради доверба меѓу двете страни.

    По разговорот во Софија, Муцунски остварил средба и со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во фокусот биле односите со Бугарија, реформските процеси и можноста Европската Унија да помогне во придвижување на пристапниот процес на Македонија.

    Муцунски оцени дека во Европската комисија постои интерес за напредок кон отворање на пристапните преговори, но повтори дека ставовите на Владата остануваат исти и дека процесот треба да продолжи преку дијалог, добра волја и почитување на државните интереси.

    Од двете страни било потврдено дека прашањето за посмртните останки на цар Самуил не било дел од темите на средбата.

    Поврзани вести:

    МВР отвори внатрешна истрага за наводите за полициска бруталност во Скопје, ДУИ побара оставка од заменик-министерот

    МВР отвори внатрешна истрага за наводите за полициска бруталност во Скопје, ДУИ побара оставка од заменик-министерот

    ТАВ Македонија подготви 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници „Момин Поток“

    ТАВ Македонија подготви 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници „Момин Поток“

    Еден од томографите на Радиологија во Скопје повторно работи, започна закажување на презакажаните пациенти

    Еден од томографите на Радиологија во Скопје повторно работи, започна закажување на презакажаните пациенти

    Температури до 29 степени, но и локални невремиња со пороен дожд

    Температури до 29 степени, но и локални невремиња со пороен дожд

    Полицијата го расчисти случајот со автомобилот што предизвика хаос на скопската крстосница

    Полицијата го расчисти случајот со автомобилот што предизвика хаос на скопската крстосница

    Муцунски за патот кон ЕУ: Во односите со соседите се водиме од добра волја и почитување на меѓународното право

    Муцунски за патот кон ЕУ: Во односите со соседите се водиме од добра волја и почитување на меѓународното право

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР отвори внатрешна истрага за наводите за полициска бруталност во Скопје, ДУИ побара оставка од заменик-министерот

    09/10/2026

    ТАВ Македонија подготви 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници „Момин Поток“

    09/10/2026

    Еден од томографите на Радиологија во Скопје повторно работи, започна закажување на презакажаните пациенти

    09/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.