Утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, најави Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и додаде дека со него ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.
Муцунски посочи дека Мацинка ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок ќе се одржи во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство и се свикува првпат по 2019 година.
ТОНСКО 6.27 -7.04 Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворена трговија
– Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. Во четврток и петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати. Силната дипломатија не се мери според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи. Се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за својата држава и за своите граѓани. Надворешната политика е државна политика. И токму таква дипломатија градиме. Модерна и активна. Професионална и самоуверена. Стратешки координирана. Дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина – заклучи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Тој нагласи дека од 59 дипломатско – конзуларни претставништва, празни се само 11 но и тие наскоро ќе бидат пополнети претежно со професионални дипломати од МНР. Муцунски најави дека наш амбасадор во Бугарија ќе биде професионален дипломат од МНР, Крум Ефремов, кој според него е еден од поквалитетните кадри и веќе служел во Украина.
