Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МР апаратите под закана: ФЗО бара навремена набавка на хелиум
    Република

    МР апаратите под закана: ФЗО бара навремена набавка на хелиум

    24/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување упати итно предупредување до јавните здравствени установи во Македонија кои располагаат со апарати за магнетна резонанца да ги проверат резервите на хелиум и навреме да обезбедат дополнителни количини. Причината е можен прекин во снабдувањето на европскиот пазар и раст на цените, поврзани со актуелните геополитички тензии околу Иран.

    Хелиумот е клучен за функционирањето на апаратите за магнетна резонанца, бидејќи се користи за ладење на суперспроводливите магнети. Без овој гас, уредите не можат да работат, што би можело да предизвика сериозни прекини во дијагностичките услуги за пациентите.

    Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека апелот е превентивен, со цел навремено да се спречат евентуални проблеми во функционирањето на здравствениот систем. Тој нагласи дека установите треба да направат проценка и да реагираат додека хелиумот сè уште е достапен на пазарот.

    Во моментов, цената на хелиумот е зголемена за околу 30 проценти, а постојат најави за дополнителен раст. Проблемите во снабдувањето се поврзуваат со нарушувања во глобалните синџири на испорака, делумно предизвикани од состојбите во регионот на Персиски Залив.

    Хелиумот е редок гас со екстремно ниска температура на вриење од околу -269 степени Целзиусови, што го прави незаменлив за стабилна работа на МР апаратите. За оптимално функционирање, еден апарат може да користи и до 1.700 литри течен хелиум.

    Од ФЗО потенцираат дека навременото планирање и набавка се клучни за да се избегнат застои во дијагностиката, имајќи предвид дека магнетната резонанца е една од најважните и најчесто користени методи во современата медицина.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.