Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Можете да здивнете, Нептун влегува во Овен: По 165 години се заврши ерата на илузија и почнува свет со поголема јасност
    Хороскоп

    Можете да здивнете, Нептун влегува во Овен: По 165 години се заврши ерата на илузија и почнува свет со поголема јасност

    27/01/20269 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На 26 јануари, планетата Нептун влезе во соѕвездието Овен, означувајќи почеток на новиот планетарен нептунов циклус што ќе трае до 2039 година. Ова е многу редок момент, бидејќи последен пат Нептун беше во Овен во периодот 1861–1874, во време на големи светски, општествени и политички промени. Живееме редок момент, почеток на нов циклус на трансцедентна спора планета – со тоа што за да Нептун сврти цел круг околу зодијакот времетраењето е 165 години. До сега го живеевме Нептун во крајот на зодијачкото тркало – во Риби, што е последен знак/последно соѕвездие, а сега ќе го почувствуваме и новиот почеток на 165 годишниот циклус – Нептун во Овен. Овенот е прв знак од зодијакот и прв знак од огнените, што симболизира ново водство, нов почеток, нов поредок. Значи, од вода – Риби, преминуваме во оган – Овен. Од идеја, одиме кон акција.

    Што научивме и што оставаме зад нас?
    Нептун во Риби: период на колективна магла

    Нептун е планетата што ја симболизира духовноста, соништата, идеалите, но и бегството од реалноста. Неговото седиште/дом е во Риби, што значи дека таму е во својата најсилна позиција. Кога Нептун е во Риби, неговото влијание е најмногу видливо преку тоа што границите меѓу вистината и фантазијата се растопуваат во водата, а луѓето често бараат спас во надеж, љубов, идеали и приказни, наместо да се соочат со суровата реалност. Тоа е колективна состојба на магла. Период кога вистината се раствора во чувство, кога границите меѓу реалност и фантазија исчезнуваат, кога луѓето сакаат да веруваат повеќе отколку што сакаат да знаат. Нептун во својот дом не руши веднаш – тој успива.

    Нептун создава свет во кој „сè е можно“, но ретко што е вистинско. Во оваа енергија се раѓаат лажни пророци, гуруа без интегритет, духовност без одговорност, вера без морал, љубов без основа, надеж без реалност. Светот опстана токму поради оваа илузија – затоа што Нептун во Риби донесе надеж доволна за да не се распаднеме, но по цена на вистината.

    Токму во оваа магла, од 2011 година наваму, започна долгиот колективен трип. Сите бевме под влијание, а особено променливите знаци – Девица, Близнаци, Стрелец и Риби, кои влегоа во повторувачки шеми на односи со партнери кои лажеа, даваа лажни ветувања или имаа скриени себични намери. Луѓе кои изгледаа љубезно и доверливо, а во себе носеа огорченост, љубомора и двојни агенди. Имаше романси, пријателства и цели мрежи на односи во кои се живееше предавството како секојдневие. Ова не беа изолирани настани – ова беа шеми. Шеми што создадоа длабоки проблеми со довербата, емотивна конфузија и долготрајна траума.

    Се сеќавате ли на 2012та година и шпекулациите за крајот на светот?

    Всушност не заврши ништо – тогаш само подлабоко влеговме во илузијата. Нептун во Риби влезе неколку месеци пред да започне фамозната 2012та, прецизно – на 4 Април 2011.  Нептун во Риби веќе ја имаше растопено границата меѓу вистина и лага, меѓу духовност и бегање, меѓу љубов и фантазија. Тоа не беше апокалипса, туку колективна анестезија. Сите ние бевме на брод, во вода, во длабок сон, со морска болест што траеше со години. Најдоброто во овој долг период од речиси 15 години е што донесе надеж на светот за да опстои до сега.

    Се случија доста нешта. Сè почна да се распаѓа. Имаше: чуда, лажни пророци, подем и пад на екранот, телевизијата, Холивуд, инфлуенсерите, лажниот духовен раст, гуруа без интегритет, коучеви со празни фрази, манифестирање без работа, лажна позитивност, „сè е љубов“ на сметка на вистината, пад на идоли, разоткривање на авторитети, херои кои не се тоа што изгледале, војни за „правда“ што не се чисти, активизам од его, борби водени од илузија, не од вистина, религија без суштина, вера без морал, духовност без одговорност, медицински лаги, фарма-индустрија, лекови што прикриваат, не лекуваат, виртуелна реалност, AI ликови, идентитети без корен, романси засновани на фантазија, љубов што гори брзо и гасне уште побрзо, спасители што бегаат кога ќе треба да преземат одговорност.

    Овие речиси 15 години, беа време кога многу луѓе живееа во илузија, без да ја видат или да ја прифатат вистинската состојба. Во овој период се појавија и силни разоткривања: паднаа идоли, се разоткрија авторитети, а многу системи и институции покажаа дека не се толку стабилни како што изгледаа. Во практичен смисол, ова беше време кога многу теми што беа „скриени“ станаа неизбежни и мораа да се решат. Тоа беше крај на ерата на колективна наивност.

    А сега Нептун е во нов циклус, нова еволуција, вадејќи ги на површина сите нечистотии од нас што се растворија во големата вода. Последен пат кога Нептун влегол во Овен било во 1861 година – буквално на денот кога започнала Граѓанската војна. Ова не е мек транзит. Ова не е духовна бајка. Нептун во Овен не носи комфор – тој бара јасна намера, лична храброст и искра без лага. Нема повеќе чекање. Нема повеќе трпење во име на надеж. Ова е крај на колективната илузија и почеток на сурова, но ослободувачка искреност. Кој не сака да ја види вистината – ќе ја почувствува.

    Нептун во Овен: крај на илузијата

    На 26 јануари, мистичниот Нептун се врати во Овен, поминувајќи преку прагот што светот не го видел со генерации, започнувајќи транзит што се случува само еднаш во животот и ќе ја обликува идентитетската и духовната насока на цела генерација. Космосот е во почеток на нова реалност.

    Овен — огнен знак под владеење од Марс, поврзан со идентитетот, преживувањето, храброста, гневот и иницијативата — соништата и вербата стануваат многу повеќе лични, а илузиите поврзани со лидерството, машкоста, војната и независноста ќе почнат да се распрснуваат.

    Нептун во ова воинствено соѕвездие не бара да знаете каде одите, туку бара да останете будни, искрени, подготвени да делувате, дури и кога нема гаранција. Патот пред нас е огнен, несовршен и сè уште недовршен – но барем сега сме доволно свесни за да чекориме по него.

    Започнува период во кој ќе се бара:

    • лична храброст,

    • јасна намера,

    • вистинска акција,

    • избори без самообмана.

    Овен е знак на иницијатива, борба и индивидуална сила. Нептун во Овен не носи „удобна духовност“ — тој носи сурова реалност и потреба за јасност. Овој транзит значи дека ќе се зголемат:

    • личните преиспитувања: дали оваа работа, врска или животен пат навистина ме исполнува,

    • општествените конфликти: луѓето ќе бараат промени, но ќе се појават и нови „лидери“ кои можат да манипулираат со идеали,

    • политичките и културните пресврти: ќе се бара вистина и транспарентност, а неодговорните институции ќе се доведат во прашање.

    • креативните храбри нови движења

    На лично ниво овој транзит може да поттикне длабока желба да го усогласите својот идентитет со целта, да престанете да ја глумите револуцијата и да почнете да ја живеете.

    Енергијата на Овенот се движи брзо, а Нептун ја замаглува проценката. Сенката на овој транзит е: импулсивен идеализам, реакциски движења, харизматични лидери кои ветуваат јасност без суштина. Не секоја визија заслужува лојалност и не секоја кауза е втемелена во вистината. Нептун во Овен бара расудување исто толку колку што бара храброст.

    Клучното прашање што овој период го поставува:

    Дали си подготвен/на да се бориш за својата вистина?

    Ова е период кога илузијата паѓа и се бара реален избор. Тоа може да биде тешко, но е и ослободувачко: конечно ќе можеме да гледаме јасно и да градиме живот и општество на вистински основи.

    За што си подготвен да се бориш и зошто?

    Ова прашање особено може да стане важно на 20 февруари, кога Нептун ќе се сретне со Сатурн на 0 степени Овен — прв пат во илјадници години. Ова е една од најочекуваните конјункции на оваа декада.

    Сатурн носи структура, одговорност и „реалност“, додека Нептун носи визија, трансценденција и идеали. Заедно, тие го спојуваат невидливото со видливото — тоа е моментот кога фантазиите (и соништата) или ќе се кристализираат во нешто реално или ќе се распаднат под сопствената тежина. Имаме ретка можност да поставиме структура и ги оствариме нашите соништа. Ова е крај на колективната самозалажувачка приказна и почеток на сурова, но ослободувачка искреност.

    КАКО НЕПТУН ВО ОВЕН ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ЗНАК ВО НАРЕДНАТА ДЕКАДА

    (Читај за својот подзнак)

    ОВЕН
    Во наредните години ќе ви биде потешко да поставите граници во врската или со личност која ви се допаѓа. Иако сакате да давате, важно е вашата добрина да биде призната и враќана. Пред да вложувате енергија во некого, прво осигурете се дека вашите потреби се исполнети.

    БИК
    Исчистете го распоредот, исклучете го телефонот навечер и посветете се на моментите со луѓето што ги сакате. Овој транзит ќе ги продлабочи врските и обврските кои ви носат исполнет живот. Не ги пропуштајте нежните и значајни моменти.

    БЛИЗНАЦИ
    Ќе ви треба трпение и одговорност за да ги разликувате пријателствата што вредат од оние што не ве сфаќаат сериозно. Сега ќе барате врски што се во согласност со вашите долгорочни цели. Размислете за тоа како да се поврзувате со луѓе кои имаат желба да придонесуваат за заедницата.

    РАК
    Потребно е да создадете јасен и стратешки план за остварување на кариеpните цели. Неочекувани проблеми, како стрес на работа, може да ве одвлечат. Најдете баланс помеѓу работата и приватниот живот, а можеби ќе биде потребно и да направите пауза за да се стабилизирате.

    ЛАВ
    Ќе почувствувате силна желба за патувања и нови искуства. Почнете да размислувате каде сакате да одите и како би можеле да стигнете таму. Патувањата не мора да бидат големи – доволни се мали промени од секојдневната рутина.

    ДЕВИЦА
    Ќе барате стабилност и сензуалност во љубовните врски. Ако сте слободни, отворете се за нови можности. Универзумот може да ве изненади, но само ако престанете да се плашите и да се грижите за работи што не можете да ги контролирате.

    ВАГА
    Взаемното почитување е двонасочно. Ако не го добивате тоа што го заслужувате, време е да се запрашате дали таа врска вреди да продолжи. Побарајте добар третман од луѓето што ги сакате, особено од романтичните партнери.

    СКОРПИЈА
    Вашата енергија може да биде напорна, па обрнете внимание на одмор и грижа за себе. Луѓето околу вас, особено на работа, може да делуваат премногу „надуени“, па поставете граници и земете време за себе. Најважно е да се ставите себеси на прво место.

    СТРЕЛЕЦ
    Ова е период кога вашата креативност може да го поттикне вашиот ум. Ако барате свое место во светот, ќе сакате да создавате нешта што имаат смисла и врска со вашата душа. Критичарите нема да ве поколебаат, туку ќе ве мотивираат.

    ЈАРЕЦ
    Може да почувствувате дека сте притиснати да се развивате на начини што не сте ги замислувале. Пред да направите голем чекор, ослободете се од застарени ставови, но задржете ги вашите основни вредности. Ова ќе ви помогне да се трансформирате на вистински начин.

    ВОДОЛИЈА
    Бидете внимателни со тоа што создавате додека уживате и истражувате. Вие сте логични и рационални, па ќе можете да водите разговори за тоа како вашата иднина ќе биде обликувана од луѓето со кои се дружите и живеете.

    РИБИ
    Долго време чекавте финансиско олеснување и можеби сега ќе почувствувате прилив на изобилство. Може да добиете не само она што го сакате, туку и она што го заслужувате.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Март носи пари: Три хороскопски знаци со финансиска среќа

    Март носи пари: Три хороскопски знаци со финансиска среќа

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    Хороскопски предизвици: Кој знак лесно се збунува и кој има најкреативни „лаги“?

    Хороскопски предизвици: Кој знак лесно се збунува и кој има најкреативни „лаги“?

    Уран тргна директно: Што носи ова за твојот хороскопски знак?

    Уран тргна директно: Што носи ова за твојот хороскопски знак?

    Уран тргна директно: Mомент кога човештвото престанува да бега од сопствената вредност

    Уран тргна директно: Mомент кога човештвото престанува да бега од сопствената вредност

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Март носи пари: Три хороскопски знаци со финансиска среќа

    16/02/2026

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    10/02/2026

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    08/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.